Босилек - сојузник на здравјето (15 здравствени придобивки)
Босилекот е одлична храна која ни нуди различни можности за консумација, од свежа состојба како додаток за дополнение на вкусот или декорација на јадењата, па се до сув зачин кој е погоден за употреба во секоја сезона.
Освен што е зачин или додаток кој и дава посебен шмек на храната, босилекот е сојузник во борбата на организмот за одржување на доброто здравје и тоа:
Го поддржува кардиоваскуларното здравје.
Овозможува кожата и косата да изгледаат здраво.
Превенира повеќе видови на канцер.
Го засилува имуниот систем.
Го промовира здравјето на гастроинтестиналниот систем.
Го чува здравјето на црниот дроб.
Го регулира нивото на шеќер во крвта.
Го заштитува телото од бактерии.
Лекува од убоди и каснувања.
Помага во третман на ушни инфекции.
Го штити телото од оксидативен стрес (антиоксидантно дејство).
Помага во регулацијата на циркулацијата на крвта.
Автор: М-р Катерина Шамбевска
Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување