Циганска торта
Ви препорачуваме да ја пробате оваа торта која е феноменално сочна, а бара само малку труд и време. Го подготвивме овај лесен и вкусен рецепт само за вас.
Потребни состојки:
5 јајца
20 лажици шеќер
20 лажици брашно
20 лажици млеко
20 лажици масло
2 лажици какао
1 прашок за печиво
0,5 l ладно млеко
2 кесички шлаг пена
250 ml ладно млеко
чоколаден прелив.
Приготвување:
Најпрво се бијат јајцата со шеќерот се додека не се претворат во густа изедначена смеса.
Потоа се додаваат брашното, млекото, маслото, какаото и прашокот за печиво.
Сето тоа убаво се бие со миксер и се става во четириаголна тава за печење. Се печи на температура од 180 200°С за време од околу 40 минути.
Откако ќе се олади испечениот пандишпан се прелева со 0,5 l ладно млеко.
Се остава да се впие, а во меѓувреме се бијат двете кесички шлаг заедно со 250 ml ладно млеко.
На крај, одгоре се филува со шлагот, а потоа се додава чоколаден прелив и мрвици за декорација.
Уживајте во нејзината сочност!
Автор: М-р Снежана Андоновска
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување















