Маслиново масло, масло на убавината и здравјето
Mаслиновото масло од секогаш се сметало за дар од природата. Богато е со моно-незаситени масни киселини и висока содржина на витамин Е. Тие делуваат како еликсир за срцето и крвните садови и спречуваат создавање на плак на зидот на крвните садови со што ги подобруваат проточните својста на крвта, превенираат срцев удар и многу видови канцери, како што се рак на дојка и рак на дебело црево.
Претставува одличен медиум кој најдобро го нормализира нивото на ХДЛ И ЛДЛ холестеролот, а со тоа поволно делува во намалување на нивото на т.н. лош холестерол и намалување на нивото на вкупниот холестерол.
Делува како мелем за желудникот кај лица кои патат од чир или гастритис. Исто така е моќно средство кое спречува настанување на жолчни камења и спречува масна дегенерација на црниот дроб кај лица кои патат од цироза. Овозможува одлична превенција од настанување на дијабетес мелитус тип 2.
Базичната основа на сите кремови кои се користат во медицинската козметика е изработка врз основа на маслиново масло. Го има во сите кремови кои даваат основна хидратација на кожата и помага таа да изгледа здрава, негувана и видно подмладена. Неодамнешните испитувања кои се направени докажуваат дека состојките од маслиновото масло го потиснуваат создавањето на брчките и го обновуваат сите елементи потребни за најзина младост и затегнатост.
Ако сакате да имате коса полна со живот и скалп без првут ова е вашето најмоќно средство во борбата со сувиот скалп. Несомнено е дека состојките од маслиновото масло значително спречуваат и опаѓање на косата, и значително го забрзува нејзиниот раст за наколку сантиметри месечно.
Несомено е дека најдобрите рецепти во кујна го имаат маслиновото масло како своја моќна тајна. Одлично се вклопува во сите салати, сосови, додатоци во исхраната, рецепти со риба итн.
Ако сте на рестриктивна диета или едноставни сакате здраво да се храните, ова несомнено е вашиот сојузник во намалувањето на килограмите здраво и лесно. Бидејќи маслиновото масло го забрзува метаболизмот и го потикнува согорувањето на маснотиите, ја подобрува апсорпцијата на храната во дигестивниот тракт. Потикнува прочистување на организмот со што ја забрзува перисталтиката на цревата и нивното празнење. Сето тоа ви дава исклучителна виталност и енергија за живот.
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување