Со што оди рибата во прилог... идеи за гарнир?
Вие прашувате, а ние одговараме!
*Шифра на личноста која го постави прашањето: М.Ј.
Имате повеќе можности за вкусно гарнирање на риба:
Брз совет е дека рибата секогаш може и е добро да се сервира со лимон, посебно ако станува збор за мрсна риба, а исто така генерално е познато дека рибите одлично одговараат со маслинки.
Печени компири за рецепт кликнете тука
Компир салата со кромид (варени и сечени на парчиња, компирите се зачинуваат со сол, киселина и масло или за рецепт кликнете тука
Медитеранската кујна има еден интересен обичај на гарнирање, варен и пасиран компир измешан со варена и уште подобро блендирана блитва. Се добива кремаста смеса со интересен изглед, а посебно е погодна за гарнирање на морски риби, лигњи и слично.
Ориз со зеленчук и печурки по желба, за рецепт кликнете тука
Уникатна идеја може да биде и похован карфиол за додаток. Измиениот карфиол прво се вари за да омекне. Потоа гранчињата се сечат, по можност да се следи линијата на гранчето за да се добијат убави парчиња. Исцедените парчиња се ставаат прво во брашно, потоа во маткани јајца и на крајот во презла, по што се пржат во поголема количина на масло со цел да се зачува формата.
Друга идеја од карфиол може да биде во печена форма. Пожелно и вкусно е кога се додадат и моркови. Сварените моркови и карфиол се сечат на парчиња/кругови и се ставаат во сад за печење. Се зачинуваат со малку бело вино, вегета, црн пипер, може и малку црвена пипер (рузмарин по желба, дава поебна арома), а од горе се става сусам и се пече додека не испари виното, односно додека не добие убава боја.
Салата од леќа и ориз, за рецепт кликнете тука
Дополнителни рецепти за подготовка на риба:
Пржена, за рецепт кликнете тука
На скара, за рецепт кликнете тука
Автор: М-р Катерина Шамбевска
Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување