Во свет каде секое лице носи маска, а секој ѕид крие чудо зад цврсто чуваната порта, патот до вистинска блискост е лавиринт што бара промисленост.
Најчесто, патот се открива полека.
Портите: се отвараат една по една, а секој чекор низ нив носи слатка промаја на спојот меѓу двајцата патници.
Маската: со секое откривање пропушта зрак светлина... краток блесок што открива колку сме оддалечени еден од друг, а и колку блиску можеме да бидеме.
Чекајќи трпеливо, портите во ходникот, како и маските на лицето се границата меѓу нашата вистинска природа и персоната која што ја прикажуваме секојдневно.
Маската: Секојдневна гарда.
Портите: Тест за трпение и по4ит.
Иако понекогаш, како исклучок, принуден сум да ја затворам портата додека душата ми врие, сакајќи таа да остане отворена, на крај, сепак секогаш се испоставува дека:
Портите: ги отварам до екстрема.
Маската: ја распарчувам нагло.
Во тој миг, другиот патник почнува да се одминува од мене.
Се чини, наеднаш ја канам на main questline по чиј крај би следувао финалето на играта, и разбирам зошто ѝ изгледа тешко и зошто на крај бара друг, пократок пат.
Пред неа се издига патешествие кое што делува речиси непребродливо, и тогаш патеката до портите почнува да изгледа неподносливо долга, а маската непривлечно се разнишува.
Токму тогаш кога мислам дека патот станува транспарентен и појасен, Пеперутката реагира поинаку, и ритамот почнува да се менува:
Количината на љубов и грижа која што ја давам ќе го одврати човекот од мене?
Тоа е толку депресивно! :')))
Ако таа е Пеперутка што лета низ лавиринтот, тогаш јас сум:
Гуштер - нем сведок, залепен за нејзината порта.
Го разбирам здивот на поставените ѕидови, но не трепетот на нејзините крилја.
Со секое отворање, гледам како зраците ѕиркаат и како светлината го раствора мракот на патеката, додека јас седам залепен за портите, осуден да гледам колку силно тие сјаат низ нив, само за на крај да ми минат пред нос, осветлувајќи го патот за друг патник, додека Пеперутката одлетува, следејќи туѓа силуета.
Кога реакцијата на Пеперутката е ладна или претивка, инстинктивно разумот ме тера да ги затворам портите за да се заштитам себеси, без разлика на тоа што мојата душа сака.
Некогаш за миг, некогаш за подолго, но на крај, секогаш завршува исто...
Божем претпазливо, повторно ја отварам портата, и чекам,
надевајќи се дека еден ден, моите порти ќе бидат посетени од достоинствен патник.
Морам да бидам независен, a истовремено треба да сакам до некојаси „точно поставена“ граница?
Кога чуствата ги истурам одеднаш:
Патот: Станува лизгав и тежок за одење, одвлекувајќи го вниманието од сè што му дава смисла и суштина.
Маската Се распарчува, а крпките паѓаат, откривајќи лице кое што не знае дали сака да се крие или да остане разголено.
А кога одлучувам да ги кријам:
Патот: Останува празен, сув и досаден, стерилизиран од сето она што го прави искрен и жив.
Маската: Стои, како невкусна шминка, згушувајќи ги сите искри пред воопшто да имаат можност да блеснат.
Затоа, секој расфрлан чекор по патеката ја распрачува мојата рамнотежа, а секој небрежен замав на крилја ја затресува тивката сила што ме држи.
Вака, патеката ќе остане исфлекана од сенки на пеперутки што одамна ја напуштиле.
Иако не сакам, мора да си го променам односот...
Никој не цени нешто што не морал да го заработи, а јас давам сè од себе почесто одошто би требало.
Мора да бидам порезервиран, инаку ќе ме исчурат кучкиве...
Ти ако сакаш да влезеш кај мене, мора да разбереш:
Не смееш да го гледаш патот како товар, ниту срцето како брза награда од која можеш да се откажеш на пола пат.
Секоја порта ќе бара твоја понизност и внимателност.
Тебе треба да ти е јасно какви се твоите намери, а тишината ќе чека да одговориш:
„Како ќе го докажеш тоа?“
„Дали си спремна да дознаеш уште колку порти те чекаат?“
Можеш слободно да ме сакаш колку сакаш, ама те замолувам да ме по4итуваш мене, а и портите кои што веќе си ги прошла.
Љубовта без по4ит е само празнотија.
Сакај колку сакаш, ама пред сè:
Ова не е само формалност!
По4итта е во секој потег што поставува мека граница помеѓу Ти и Јас.
Секоја постапка што ги по4итува патеката, портите и маските е вистинскиот израз на љубов.
Не треба никогаш да е само:
као double-tap to heart react.
Секој твој потег на патот кон мене треба да ја носи таа понизност, ткаена во трпеливост и резервираност.
Само така ќе ти дозволам пристап, како прав 07. Gatekeeper.flac
Сакај ја, ама резервирано...
Можеби тогаш ќе ја дочекаш пред портата, со воздржаност и трепет, носејќи ја по4итта што таа ја има за тебе, чекајќи те да ѝ отвориш.