Како да направите сурутка и младо сирење?
Сурутката може да се направи во домашни услови од сурово (непреработено) кравјо, козјо или овчо млеко. По нутритивен состав, најдобра е сурутка добиена од козјо млеко. Доколку се одлучите да направите сурутка во домашни услови, обрнете внимание на квалитетот на млекото, кое е пожелно да биде од животни кои се одгледуваат на пасишта. За да направите сирење и сурутка дома, потребно ви е:
Во сад на оган ставете го млекото и загрејте го до вриење. Потоа изладете го, додека се постигне температура од 36 степени. Додадете сирило, измешајте го млекото и оставете го да стои околу еден час.
Потоа засиреното млеко процедете го низ платнена цедилка, како што е прикажано на видеото. Течноста која ќе ја добиете е сурутка, која треба да ја чувате во стаклен сад во ладилник. Младото сирење посолете го.
Сурутката можете да ја пиете три пати на ден, по 150 милилитри. Доколку имате проблеми со дигестивниот тракт, пред секој оброк, измешајте една лажица сурутка во една чаша вода и испијте ја течноста.
Некои луѓе се алергични на сурутка. Доколку сметате дека имате алергија на сурутка, пред да ја консумирате, направете дома едноставен тест. Навечер нанесете малку сурутка врз кожата. Ако утрото кожата ви биде воспалена, тогаш вие сте еден од ретките луѓе кои се алергични на сурутка, а во тој случај не се препорачува да ја консумирате.
Прочитајте повеќе за сурутката, која е природен и моќен лек.
Автор: Елеонора Филиповска
Автор: М-р Марија Кочовска
Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување