The Joe Budden Podcast with Rory & Mal (или повеќе од хип-хоп подкаст) Многу добра ствар. Добра на ниво - No Reservations на Anthony Bourdain (RIP). Чудна споредба. Хип-хоп културата. Ах, културата. Кој ќе се бори за нејзе? Џо е пензиониран рапер. Барем тој така вели... (Slaughterhouse, Pump It Up...). Мол е Roc-A-Fella royalty (брат на Kareem “Biggs” Burke). Рори е најмладиот од тројцата, дете од индустријата (има работено во Sony Music). Паркс е аудио инженер (долгогодишен соработник на Џо). Ретко викаат гости. Не се потребни. Жолчните дискусии за хип хоп културата, шоу бизнисот, животот, славата, жените, љубовта... се состојките кои се мешаат во овој културен блендер. Џо е моторот. „Пензионираниот” рапер, во полн елемент во рамбовка, страсно борејќи се да ја докаже својата поента, трагајќи по вистината во заплетканиот лавиринт на шоу бизнисот. Тирадите на Џо се епски. Подадената рака на Паркс со хартиено марамче за Џо да си го забрише челото е трејд марк за култна епизода. Страста, ами што друго. Страста кон музиката, која како што Џо често вели му го има спасено животот. Љубовта кон чистиот рап, незагаден од мрсните прсти на индустријата, дискографските куќи и новопечените рапери, кои се тука да направат брзи пари и да киднат. Не може. Џо е тука и е гласен. Има став, во ера кога сите сакаат да бидат пријатели и да не му стапнат на прстите на никој. Има право да хејта. Бидејќи хејтањето е искрено. Хејтањето е оправдано, бидејќи ова не е омраза. Ова е љубов... Од август минатата година, овој подкаст е ексклузивно достапен за корисниците на Spotify (нема МК). За вистински го доживеете овој подкаст, ви препорачувам да ги гледате епизодите на YouTube. • • #joebuddenpodcast #mkrap #шумкултура (at Skopje) https://www.instagram.com/p/B2EcrNOAPdM/?igshid=yl394flo5vz0










