„Меѓу нас“ - визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа.
Изложбата произлегува од долгогодишното истражување на темата „Славење на животот“, започнато во 2011 година, и во оваа фаза се фокусира на емпатијата, љубовта и колективната грижа како двигатели на подобра иднина.
Преку илустрации, платна и графики создадени во последниве години, изложбата ја истражува емоционалната состојба на човекот и неговата поврзаност со природата и заедницата. Цветот како централен мотив се појавува како симбол на раст, ранливост и трансформација, носејќи состојби на љубов, тага, радост и надеж.
„Меѓу нас“ отвора прашања за менталното здравје како заедничка одговорност, повикувајќи на дијалог, поврзување и солидарност. Изложбата функционира како терапевтски и ангажиран простор што поттикнува чувство на припадност и можност за промена преку мали, но значајни гестови на грижа.










